Лукас Моура е првиот стрелец за Тотенхем на двомечот со Ајакс, а Бразилецот постигна два гола за надеж и за израмнување на 2-2 на реваншот вечерва и 3-2 во вкупниот резултат за ривалот.
Моура погоди во 55-тата минута по асистенцијата на Деле Али за 2-1.
Само 240 секунди по првиот гол, Моура пак ја затресе мрежата на Онана. Тотенхем сега е многу поблиску до финалето отколку што тоа беше по првиот дел, кога Ајакс водеше со 2-0. На гостите им треба еден гол, без притоа да се тресе мрежата на нивниот голман Љорис.
Во првиот дел Ајакс стигна до предност од 2-0. Најпрво погоди Де Лихт за 1-0, а потоа прецизен беше и Зијеш.
https://twitter.com/sportsport/status/1126220733850451970