Сега ќе нема кавга – Наполи има план Б, Елмас и соиграчите во летен карантин за Лигата на шампионите

Елиф Елмас и неговите соиграчи од Наполи ќе бидат во карантин во тренинг-кампот во Димаро во јули, како подготовка за продолжението на сезоната во Лигата на шампионите и реванш-мечот од осминафиналето против Барселона, закажан за 8 август.

Ова е планот Б на вицешампионите на Италија и ќе се спроведе на дело само ако се откаже планираното продолжение на натпреварите во Серија А.

Наполи преброди опасна криза, токму по недоразбирањата меѓу играчите и шефот на стручниот штаб Карло Анчелоти од една страна и сопственикот на клубот Аурелио де Лаурентис, кој нареди играчите да бидат во карантин четири дена лани во ноември.

По ремито со Салцбург во Лигата на шампионите на петти ноември, Де Лаурентис нареди хотелски карантин до мечот со Џенова, игран четири дена подоцна, но дел од фудбалерите се побунија и настана хаос. Имаше и казни за играчите, меѓу нив настрада, ни крив, ни должен, и Елмас.

Потоа си замина тренерот Карло Анчелоти, но бурата стивна, па сега се планира нов карантин во јули. Наполи ремизираше со Барселона на домашен терен 1:1 и ќе се обиде во реваншот да приреди подвиг и да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести