Сега ќе нема кој да ги избрка од терен – Најчудниот меч што траеше пет минути ќе се преигра во јуни на друг континент

Бразил и Аргентина во јуни ќе го одиграат мечот од квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар, што е еден од најчудните во историјата, а во првиот обид траеше само пет минути.

Во септември лани во Сао Пауло се случи невиден преседан. Претставници на бразилските здравствени власти од агенцијата „Анвиса“ влетаа на терен со полиција за да уапсат четворица репрезентативци на Аргентина кои ги прекршија строгите протоколи и допатуваа во Бразил од Англија.

Играчите на Аргентина се спротивставија на неразумниот чин и не дозволија голманот Мартинес и играчите Ромеро, Ло Селсо и Буендија да бидат уапсени.

Мечот беше прекинат во петтата минута и сега според информациите, ќе се одигра во јуни годинава на друг континент.

Сега и ќе има ревијален карактер како загревање за настапот на Мундијалот во Катар во ноември и декември годинава бидејќи Бразил и Аргентина веќе се пласираа на Светското првенство во јужноамериканските квалификации.

На 9 февруари се очекува конечната одлука за тоа кога точно и каде ќе се одигра нов меч меѓу Бразил и Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести