Сега Мбапе е лут, но не на тренерот, туку на Нејмар (Видео)

Пари Сен Жермен продолжува да победува во француското првенство, но и покрај триумфите, јасно е дека не е се добро во составот на Светците. Откако минатата недела Лионел Меси му се налути на тренерот Маурисио Покетино затоа што го извади од терен во второто полувреме, сега дојде ред Килијан Мбапе да покаже незадоволство.

ПСЖ со 2:0 го победи Монпелје и остана со перфектен учинок во првенството, но Мбапе не беше многу среќен. Францускиот репрезентативец беше повлечен од игра во 88 минута, а кога седна на клупата за резерви, на соиграчите им покажуваше дека е незадоволен од некој што е на теренот.

Ако се знае дека во текот на средбата Мбапе неколку пати реагираше кон Нејмар зошто не му ја додал топката кога бил во чиста позиција, француските медиуми претпоставуваат дека голгетерот е лут на својот соиграч од нападот, Нејмар. ПСЖ ги има посакуваните резултати, но очигледно е дека атмосферата во екипата не е на посакуваното ниво, па тренерот Покетино ќе има многу мака да ги смири страстите на сите големи ѕвезди.

 

- Оглас -

Најнови вести