Фановите на Ливерпул како ретко кога во историјата ќе навиваат за најголемиот ривал, Манчестер јунајтед.
А кога ќе се погледне табелата тоа е сосема јасно. Тимот од Енфилд Роуд предмалку со 1:0 го победи Вест Хем во натпреварот од 28-то коло и со тоа се добложија до лидерот, Манчестер сити.
Стрелец на голот беше Садио Мане во 27-та минута, со што Ливерпул сега стигна до бројката од 63 бодови и има само три помалку од актуелниот првак.
Манчестер сити, пак утре од 17:30 часот го игра големото градско дерби против Манчестер јунајтед, а јасно е дека, па можеби и за прв пат во историјата, фановите на Ливерпул ќе навиваат за најомразениот ривал, историски гледано.