Реал Мадрид ја доби Бенфика од Лисабон во првата ждрепка од Лигата на шампионите што се одржа попладнево. Сепак, Кралскиот клуб ќе мора да чека нов ривал откако УЕФА и официјално реши да ја повтори ждрепката поради нерегуларност.
Кога беше извлечен Вилјареал, за противник го доби Манчестер јунајтед, а тоа не беше возможно затоа што овие два клуба беа во истата група од ЛШ.
Од Реал Мадрид реагираат бидејќи според нив, нивниот пар со Бенфика бил извлечен пред да биде направена техничката грешка и тој дел не би требало да се повтори.
#RealMadrid will ask @uefa, if they redo the draw, to start after their ball came up (they have Benfica). Mistake was made after that
Via @AranchaMOBILE
— Guillem Balague (@GuillemBalague) December 13, 2021