Италијански новинар од блиску го сними теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје и тоа го сподели на социјалните мрежи, па многу луѓе го видоа теренот на нашиот фудбалски храм, во последно време срам.
Беше познато дека теренот е како нива за компири (секоја чест за компирите, ова не е навреда за нив), а италијански фанови коментираат дека е неверојатно како може низ овој терен да минува пат кон Европско првенство, и се чудат како УЕФА дозволува на ваков терен да се играат мечеви од ваков ранг.
The pitch where Italy will take on North Macedonia later today doesn't look goodpic.twitter.com/h0OmAFHlsK
— Get Italian Football News (@_GIFN) September 9, 2023