Сега треба многу да се внимава на повредите – ФИФА плаќа одлична дневна доза за сите фудбалери на Мундијалот во Катар

Клубовите и играчите треба многу да внимаваат на здравствената состојба, односно да пазат на повреди пред стартот на Светското првенство бидејќи ФИФА дава солидна дневна доза од 10.000 долари на клубовите кои имаат свои фудбалери во Катар, и тоа за секој посебно.

Отприлика ако се одигра само првата фаза и да се испадне веднаш на стартот на Мундијалот, може да се заработат солидни 100-120 илјади долари од фудбалер од специјалниот фонд на ФИФА.

Светското првенство ќе се игра од 21 ноември до 18 декември, за кога е закажано финалето и клубовите што ќе имаат свои фудбалери претставници во мечот за светска титула можат да заработат и до 300 илјади долари.

Таа сума се дели по одреден клуч на сите клубови за кои фудбалерот играл во последните две години.

 

- Оглас -

Најнови вести