Сега Тунис се тресе да не биде исфрлен од Мундијалот, Италија овојпат нема шанси да се надева

Фудбалската репрезентација на Тунис во март се радуваше на пласман на Светското првенство во Катар, а сега е под опасност да биде исфрлена од Мундијалот кој ќе се игра за помалку од пет месеци.

Тунис во плејофот го елиминира Мали, но уште не им е стоотсто чекиран билетот за пласман на планетарниот собир, и тоа поради афера со наместени мечеви. Се работи за дуели во првенството, што создаде тензии во Фудбалската федерација на оваа земја, а најавите се дека може да се случи да добијат и жестока казна од ФИФА, а тоа е исфрлање од СП 2022.

Доколку се случи Тунис да биде исфрлен од Мундијалот во Катар, шанса ќе добие селекцијата на Нигерија, која е најдобропласирана африканска селекција на ФИФА листата, а не избори место на планетарниот собир.

Пред помалку од еден месец, репрезентацијата на Еквадор беше под ризик да биде исфрлена од СП во Катар, но ФИФА одлучи да нема никакви санкции околу аферата со фудбалерот, кој наводно не Еквадорец, а играше за оваа земја.

- Оглас -

Најнови вести