Следната среда во Белград ќе гостува Барселона на дуел против Црвена ѕвезда од Лигата на шампионите, а „каталонците“ во нашето соседство ќе пристигнат во фантастична форма и победи над Баерн Минхен од 4-1 и над Реал Мадрид со 0-4.
Токму победата во големото дерби против „кралскиот“ клуб беше причина за голем сеир на релација Белград – Мадрид. Од Црвена ѕвезда објавија фотографија на која сликовито е прикажано дека Барселона препишувала од нив при победата над Реал со 0-4, алудирајќи на нивната победа над Партизан со 0-4 на гостински терен.
🔴⚪️ #fkcz pic.twitter.com/C1IhtGC9x0
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) October 27, 2024