Сеир на денот: Кејн го зарази Баерн со вирусот Тотенхем (Фото)

Не им требаше многу на фудбалските фанови да почнат да тераат мајтап со Хари Кејн по неговото деби во дресот на Баерн Минхен.

Кејн го напушти Тотенхем и во желба да освојува трофеи потпиша за Баерн Минхен, но доби разочарување уште во првиот меч.

Кејн по само 20-тина часа откако стави потпис на четиригодишниот договор, ги одигра последните 30-тина минути за Баерн кој загуби со убедливи 3:0 од Ред Бул Лајпциг во германскиот Суперкуп.

Поразот во првиот меч на кој имаше шанса да дојде до трофеј, беше доволен за фудбалските фанови на социјалните мрежи да почнат да тераат мајтап со Кејн.

За сеирот да биде поголем, Баерн славеше во последните три меча во Суперкупот, се до доаѓањето на Хари Кејн во тимот.

https://twitter.com/CarefreeLewisG/status/1690457150991015936?s=20

https://twitter.com/Squawka_Live/status/1690462729604145152?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести