Сеир на денот: Леванте и Барди се махери за шпанските Суперлигаши (фото)

Леванте на сензационален начин вчера избегна пораз од Барселона и со конечните 3-3 му направи услуга на Атлетико во неизвесната битка за шампионската титула во Шпанија. Јорганџиите сега се во пол-позиција да бидат шампиони доколку триумфираат во последните три кола, а доколку титулата остане во Мадрид, но се пресели од „Сантијаго Бернабеу“ на „Ванда Метрополитано“, тимот на Енис Барди ќе има голема заслуга за тоа.

Имено, Леванте и Барди сезонава се покажаа како махери за шпанските Суперлигаши, па затоа им припадна сеирот на денот како екипа која освоила најмногу бодови против водечката тројка во Шпанија.

Во дуелите против Атлетико, Реал и Барса, екипата од Валенсија освои 8 бода, еден повеќе од Кадис, додека Хетафе и Севилја следат со по пет бода. За ова остварување Леванте се пофали на „Твитер“.

„Не е ни чудо што не нè поканија во Суперлигата“, напиша администраторот на Леванте.

https://twitter.com/LevanteUD/status/1392251971810304004

- Оглас -

Најнови вести