СЕИР НА ДЕНОТ: Навивач коментираше дека ќе даде ист гол, па зажали за напишаното (Видео)

Еден навивач на Рома зажали што на една од социјалните мрежи напиша дека и тој може да постигне гол каков што даде Ченгис Ундер. Марко, навивач на „римската волчица“, коментираше дека без проблем ќе даде гол како погодокот на турскиот интернационалец на „Олимпико“, па изненадувачки доби шанса да покаже дали навистина е толку добар и дали е толку лесно да се затресе мрежата на противникот.

Марко доби дрес на Рома со неговото име, на теренот беше поставена истата ситуација по која играчот на Рома даде гол, но овојпат Марко требаше да потврди дека тоа што го пишал на социјалната мрежа е вистина. Навивачот кој многу лесно коментира дека може да направи нешто што и професионален фудбалер доби три шанси за да ја затресе мрежата на „Олимпико“.

Погледнете како завршија неговите обиди:

По завршувањето на предизвикот, навивачот имаше еден заклучок, а тоа е дека никогаш повеќе нема да коментира ништо слично на социјалните мрежи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести