Барселона 19 години знаеше само за победа во дуелите со Рајо Вајекано, сè до вечерва. Малиот тим од Мадрид на свој терен ја победи Барселона со 1:0 благодарение на голот на Радамел Фалкао, но и на одбранетиот пенал на македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, во второто полувреме.
Барселона по 10 одиграни кола, има само 15 бодови и е на средината од табелата, со што само се потврдува кризата во која е екипата на тренерот Роналд Куман.
Во иста ситуација како Барселона е и Јувентус во Италија. Најтрофејниот италијански клуб денеска на свој терен во Торино загуби од Сасуоло со 1:2, со гол примен во 95-тата минута. И Старата дама има ист биланс како Барселона, освои 15 бодови од 10 натпревари и е на средината на табелата во Серија А.
По ваквите релации, дел од реакциите на социјалните медиуми се дека екипи како Барселона и Јувентус ако треба да состават Суперлига за спас на фудбалот, ќе биде многу опасно за фудбалот.
Barcelona lose at Rayo Vallecano and Juventus beat at home by Sassuolo. Both clubs mid table with 15 points from 10 games. Looking forward to their next joint statement about the Super League being needed to save football.
— Colin Millar (@Millar_Colin) October 27, 2021