Сеир на сметка на Брадата во карантинско издание: Стомакот во преден план (фото+видео)

Џејмс Харден ноќеска го одигра првиот натпревар за Хјустон во подготовките по барањето да биде трејдуван, меѓутоа во преден план и тема на разговор на социјалните мрежи беше неговиот стомак.

Се чини дека Брадата се опуштил за време на одморот меѓу двете сезони, а за неговото карантинско издание фановите на НБА фаќаа сеир на негова сметка.

„Џејмс Харден? Повеќе ми личи на Џејмс Хамбургер“, е еден од коментарите кој привлече внимание.

Во меѓувреме, Харден запиша 12 поени и 4 асистенции за околу 22 минути поминати на паркетот, во победата на Хјустон над Сан Антонио со 112:98.

- Оглас -

Најнови вести