Сеир од фановите на Милан до Донарума: Ние ќе ти кажеме како е да се игра четвртфинале!

Седумкратниот европски првак Милан, после 11 години, првпат е во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а фановите на Росонерите не заборавија да поздрават голманот Џанлуиџи Донарума кој си замина од Милан и се пресели во ПСЖ, затоа што има амбиција да ја освои ЛШ.

Сезонава ситуацијата е дека ПСЖ кој нема европска титула, е елиминиран во осминафинале, а Милан оди во четвртфинале.

Една од пораките на фан на Милан до Џиџи е: „Ќе ти кажеме на кој канал да го гледаш четвртфиналето. Уживај во четвртфиналето гледајќи на телевизија, легнат на кауч“.

- Оглас -

Најнови вести