Сеир: Панорамски автобус и за 15-тиот во Премиер лигата (Видео)

Манчестер јунајтед се наоѓа на мини азиска турнеја, а веќе го одиграа првиот меч во Малезија, каде што беа поразени (1-0) од селекцијата на „ѕвездите на Југоисточна Азија“. Сепак, ѕвездите на Црвените ѓаволи продефилираа со панорамски автобус низ улиците на Куала Лумпур, а тоа беше причина за сеир помеѓу фудбалските вљубеници кои се прашуваат дали и 15-топласираните во првенството парадираат во отворен автобус помеѓу навивачите.

Манчестер јунајтед сезоната ја заврши на 15-тата позиција во Премиер лигата, а загубија и во мечот на сезоната за нив, финалето од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести