Сеирот продолжува – Екситалијански репрезентативец прашува: Каде да ја потпишам петицијата за да се преигра финалето на ЕП?

Клаудио Маркисио го продолжи сеирот по барањето на Англичаните да се преигра финалето на Европското првенство против Италија.

Поранешниот репрезентативец на Аѕурите на „Твитер“ објави пост со кој прашува каде да се потпише на петицијата за преигрување на мечот за титулата што го доби Италија на пенали.

Маркисио го потпали огнот по петицијата на англиските фанови, кои собраа стотици илјади потписи за да се преигра финалето, а незадоволни беа од одлуката на судијата Бјорн Којперс да не го исклучи Џорџо Кјелини по стартот над Бакајо Сака.

„Ќе ве победиме да играме уште илјада пати“, дополни Маркизио во својот пост на „Твитер“.

Италија славеше по подобро изведување на пенали и ја освои втората европска круна, а Англија повторно остана без пехар на Европските првенства.

 

- Оглас -

Најнови вести