Сејдини му беше одличен домаќин на легендарниот Шевченко, на крајот гостите беа многу посреќни

Украина со 2:0 ја победи Македонија во дуел на селекциите до 19 години, а мечот на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје го следеа претседателите на двете фудбалски федерации. Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, му беше добар домаќин на легендарниот Андриј Шевченко.

Некогашниот голгетер, а сега прв човек на Фудбалската федерација на Украина, пред мечот доби македонски дрес на подарок, а по завршување на средбата, задоволството му беше уше поголемо затоа што Украина славеше со 2:0.

„Андриј е наш драг гостин. Заедно споделуваме искуства често и на состаноци во УЕФА. Се заблагодари на гостопримството и на добрата организација на турнирот. Посакував престојот во Скопје да не мине резултатски позитивно за него, барем на првиот ден од натпреварите, но денешниот фудбал не простува грешки, а ние денеска наивно загубивме од Украина. Остануваме позитивни за преостанатите два меча од групата”, рече Сејдини по мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести