Сејдини од Собранието на ФФМ порача: Наша визија е пласман на големите натпреварувања да биде нормална работа!

Денеска се одржа Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, а претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, одржа говор во кој најави вложувања за подобра инфраструктура и посака Македонија да биде редовен учесник на големите натпреварувања.

„Во било која работа, па и во фудбалот, највредно е времето. Дали ќе го искористиме на вистински начин и дали ќе работиме напорно или едноставно ќе го подариме. Навистина ми е мило кога на Конгрес на УЕФА или ФИФА ќе видиме огромна почит кон нашата федерација. Тоа е она што ги полни батериите и ни дава енергија за она што го правиме.

Во изминатите години успеавме да реализираме голем број на проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Овој тим е синоним за успех и надеж. За федерацијата и понатаму стратешки важно е вложувањето во инфраструктурата. До сега вложувавме во терени насекаде низ Македонија, но она што е важно да се нагласи е дека во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите и на нашиот тренинг центар Петар Милошевски. Наша обврска е да создадеме максимални услови за нашите фудбалери и стручниот штаб на сите репрезентативни селекции. Да се чувствуваат комотно во нивната работа и да бидат секогаш најдобри на теренот“ – рече Сејдини.

„Наша визија е пласман на големите натпреварувања да биде нормална работа и да станеме редовен учесник на истите. Успехот поставува нови стандарди на работа и професионалност, а тоа е и главна мотивација за новите генерации што доаѓааат. Би сакал да им честитам на фудбалерите и селекторот на македонската А репрезентација за успешниот почеток на квалификациите за Европското првенство. Посакувам успех против Украина и Англија следниот месец. Бидете храбри и предизвикајте ги фаворитите во нашта група“ – порача Сејдини.

 

- Оглас -

Најнови вести