Муамед Сејдини е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија и ќе биде на чело на ФФМ и во следните четири години. Сејдини беше едиснтвен кандидат на денешното Изборно собрание, а новиот мандат го доби со 52 гласа „ЗА“.
Претседателот најави дека и во иднина ќе се залага за развој на фудбалот во земјата.
„Благодарност за довербата. Ќе продолжиме напорно да работиме, да ги овозможиме најдобрите услови за репрезентацијата, која обезбеди пласман на Европско првенство, како и услови за сите национални селекции. ФФМ ќе биде отворена за сите. Ќе продолжиме да вложуваме во инфраструктурата. Денеска е голем христијански празник Прочка. Јас сум муслиман, но чесност секогаш е моја водилка. Простете ако грешев“, рече меѓудругото Сејдини во говорот по реизборот за прв човек на ФФМ.
Честитки за повторниот избор на Сејдини дојдоа и од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.