Сејдини ќе ја води федерацијата само две години, до истекот на мандатот на делегатите на Собранието, по што ќе има нови избори во општинските сојузи и ќе се бираат нови делегати.
На Собранието во Охрид присутни беа претставници на ФИФА, УЕФА, МОК, но и од Агенцијата за млади и спорт, иако оваа агенција вчера најави бојкот на ова Собрание.
„Голема е честа да се биде прв човек на ФФМ, а уште поголема да се борам за доброто на македонскиот фудбал. Вратата во ФФМ секогаш ќе биде отворена за вљубениците во фудбалот. Сакам, заедно сите да се соочиме со предизвиците и да ги прифатиме со две раце. Ве убедувам дека не погрешивте со изборот. Би сакал да изразам голема благодарност до УЕФА и до ФИФА, организациите кои се нераскинлив дел од нашето работење и се надевам дека ќе бидеме горди на низа заеднички проекти и во иднина“ – изјави Сејдини после изборот.