3.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Секогаш е интересно во Англија, дури и кога нема мечеви од Премиер лигата

1019 КПР – Ридинг (16 ч.)

Два тима со сосема различна форма. КПР игра одлично со пет победи и едно реми во последните шест кола. Ридинг во последните седум средби има шест порази и само едно реми, па гостите реално нема што да бараат на овој меч.

Сепак, традицијата е на страна на Ридинг, кој нема пораз од КПР во последните шест меѓусебни средби (две победи и четири реми). Сег е вистински момент за КПР да победи во дуел против екипата која ја има втората најлоша одбрана во лигата.

Предлог тип: 1&3+ (2.22)

 

1013 Фулам – Блекпул (16 ч.)

Фулам е на добар пат да се врати во Премиер лигата. Лондонскиот тим е лидер во Чемпионшип, а посебно восхитувачки е напаѓачката нивна игра. Во 27 меча дадоа дури 73 гола, а имаат примено и 25 погодоци што значи дека во просек на мечевите на Фулам сеонава има по 3,6 погодоци.

Фулам има четири победи во низа, а во тие четири меча постигнати се неверојатни резултати (3:2, 6:2, 6:2, 7:0). Според сите параметри, головите треба да бидат загарантирани на „Кревин Кориџ“.

Предлог тип: 4+ (2.35)

 

1033 Шефилд Венсдеј – Ипсвич (16 ч.)

Две екипи кои се со сличен квалитет и се на средина од табелата во Лига Еден. Шефилд е мајстор со 10 нерешени во 26 меча, а Ипсвич има осум нерешени сезонава.

На овој меч ќе се потпреме на традицијата, а таа вели дека во последните 10 години одиграле 15 средби, од кои дури 12 се завршени со резултат на кој имало два до три погодоци.

Предлог тип: 2-3 гола (1.95)

 

1026 Болтон – Сандерленд (16 ч.)

Пред само една деценија овие екипи водеа битки во Премиер лигата, а сега се дел од третата лига во Англија. Сандерленд е втор на табелата и целта е да одат во подобар ранг следната сезона. Тоа е убедливо најефикасната екипа (гол разлика 53:33), па сигурно нема да калкулираат и на ова гостување.

Болтон дома не се предава лесно против ниеден ривал, па може да биде возбудлив меч со повеќе погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.13)

 

1041 Ексетер – Хартлепул (16 ч.)

Дуел од Лига два, односно четвртата лига во Англија. Ексетер има освоено 10 бода повеќе од денешниот ривал и домашниот терен треба да е дополнителен адут за триумф.

Хартлепул игра солидно, но кога е домаќин. На гостински терен тоа е најлошиот тим во лигата со само пет освоени бода од 13 средби.

Предлог тип: 1 (1.76)

 

- Оглас -

Најнови вести