34.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Секогаш е јако кога играат Англија – Бразил и Франција – Германија

Пет интересни репрезентативни дуели кои ако ги одиграте според комбинациите кои се нудат во Квоти на ден во Sport Life ќе добиете вкупен коефициент од 38.89.

Ирска и Белгија ќе играат контролен дуел и тука гостите не треба да загубат во меч на кој ќе има од два до четири погодоци, што носи коефициент од 2.05.

Кога играат Англија и Бразил секогаш се очекува да биде возбудливо и да има погодоци, па овојпат комбинацијата е да има од еден до три гола во двете полувремиња, што носи квота од 2.05.

Данска и Швајцарија треба да одиграат средба на која Данците ќе постигнат барем еден погодок во првите 45 минути за да биде добитна комбинацијата од 2.10.

Хрватска е фаворит за победа против Тунис, а освен „двојката“, тука треба Коцкестите да постигнат барем два погодоци. Квотата за ова е 2.05.

Во дуел на повеќекратни светски прваци, Франција и Германија се очекува да одиграат со погодоци на двете страни, но сепак Галските петли се во улога на благи фаворити и не би требало да загубат, па таа комбинација се вредува со 2.15.

- Оглас -

Најнови вести