Секогаш се како манекени, Италијанците на ЕП заминаа дотерани во одела од Армани (Фото)

Фудбалската репрезентација на Италија замина за Германија, каде што ќе ја брани европската титула освоена пред три години на претходното ЕП.

Аѕурите не се во првиот ред на фаворити за титулата, но ако се доделуваа медали и за изглед на гардеробата со која се облечени, би биле при врвот или на самиот трон. Исто како и на претходното ЕП, оделата им се од познатиот креатор Џорџо Армани.

Официјалниот комплет за италијанскиот фудбалски тим на ЕВРО 2024 се состои од светло сина јакна со две копчиња на која пишува Италија на задната страна, во комбинација со тексас панталони и темно сина маица. Памучната плетена јакна е инспирирана од онаа што ја носеле италијанските спортисти во 1928 година“, се вели во соопштението на Армани.

- Оглас -

Најнови вести