МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ вечерва од 19.30 часот во „Јане Сандански“ ќе го одиграат вториот натпревар од финалната серија на плејофот во македонското кошаркарско првенство, а овој меч може да биде и клучен во битката за титулата.
Според квотите во Sport Life, голем фаворит за победа е МЗТ. Ако триумфираат Штрковите, ќе водат со 2-0 и ќе дојдат на една победа од нова титула. Историјата на македонскиот плејоф вели дека во финале никој не испуштил предност од 2-0.
Тренерот Васко Атанасов рече дека е задоволен од одбраната која ја одиграл МЗТ на првиот финален меч.
„Секој натпревар е нова приказна, па така вечерва влегуваме максимално фокусирани само на оваа пресметка, без разлика на минатото или иднината. Играме дома, а тоа секогаш е наша предност. Затоа уште еднаш ги повикувам нашите навивачи да дојдат и да ни помогнат да направиме уште еден голем чекор кон титулата. Ветувам борбеност и срце оставено на терен!“, изјави Атанасов.
Од ТФТ, кој е дебитант во финалињата, велат дека нема откажување, но одиграа многу неефикасно на првиот меч и мора да се подобрат. Вечерва Црно-белите од Тафталиџе ќе пробаат да одиграат многу поефикасно и ако е можно, да приредат големо изненадување и да изедначат на 1-1.
Во Sport Life имате богат избор на игри за мечот, ваше е да одберете на што ќе се обложите.