28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Секој трети меч во ЛШ со новиот формат завршува со победи од три или повеќе голови разлика

УЕФА одлучи од оваа сезона да го смени форматот во Лигата на шампионите, ја нема веќе групната фаза, туку сите 36 тима заедно се во една лига и борбата за влез во нокаут-фазата трае подолго, но од друга страна, има и поголеми разлики во квалитетот и често се случуваат резултати со убедливи победи на фаворитите.

На стартот на сезонава и за првпат имавме ситуација еден тим да постигне 9 гола, а синоќа во првата половина од петтото коло дури пет меча завршија со три или повеќе голови разлика. Имаше тимови кои победуваа со 6-0, 6-1, 5-0, 5-1 и 3-0.

Вакво нешто поретко се случуваше со стариот формат. Во целата претходна сезона се одиграа 125 меча, а само на 11 некој тим победуваше со три гола разлика или поубедливо.

Оваа сезона досега се одиграа 81 меч, а дури на 27, што е една третина, имаше победи од три или повеќе гола разлика.

- Оглас -

Најнови вести