Австралиската телевизија „Оптус спорт“ самоиницијативно ќе собира донации со помош на Премиер лигата за пожарите кои веќе со недели го уништуваат јужниот дел на континентот.
Во претстојното 22-ро коло кое ќе се одржува од 10 до 12 јануари, „Оптус спорт“ ќе донира по 1.000 долари за секој постигнат гол во десетте средби. Значи, што повеќе погодоци ќе значи повеќе средста кои ќе бидат поделени во три хуманитарни организации.
А, од кои средби може најмногу да се очекува голови? Приматот го добива дербито меѓу Тотенхем и Ливерпул, додека фаворитски улоги имаат Манчестер јунајтед во дуелите против Норвич, односно Барнли, па ќе треба да оправдаат со полнење на мрежите на противниците.
Во природната катастрофа која трае со недели досега илјадници луѓе ги загубија животите, повеќе од 900 домови се уништени, додека речиси половина милијарда животни исто така не ја преживеаја огнената стихија.