Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, го освои 58-мото место на маратонската трка на Светското првенство во атлетитка кое се одржува во Токио, Јапонија.
Ивановски патеката долга 42.195 метри ја истрча за 2 часа, 26 минути и 31 секунда. Тоа беше доволно за 58-мото место во конкуренција на 90 маратонци.
Дури 24-ица натпреварувачи не успеаја да стигнат до целта, но Дарио се избори со топлото време и влажноста на воздухот и ја оствари својата цел, па треба да му се да оддаде признание.
Светски првак во маратон стана Алфонс Феликс Симбу од Танзанија, кој маратонот го мина за 2 часа, 9 минути и 48 секунди.
Погледнете го финишот на Дарио, снимен од неговиот тренер Игор Јакимовски: