8.8 C
Skopje
вторник, 17 февруари 2026

Секоја чест: МЗТ уште еднаш покажа што значи да се биде една голема сино-бела фамилија (Фото+Видео)

МЗТ Скопје Аеродром ја потврди доминацијата на домашна сцена и на убедлив начин стигна до рекордната 14-та титула во Куп-натпреварувањето. МЗТ во трите меча кои ги одигра, во просек победуваше со неверојатни 25 разлика.

По освојувањето на трофејот во Куманово, челниците на МЗТ направија едно пријатно изненадување за еден од најверните навивачи. Ристе Божиновски-Мачор веќе неколку децении верно го бодри МЗТ, но овојпат, поради здравствени проблеми, не можеше да биде во Куманово.

Ако популарниот Мачор не можеше да биде во салата и да го крене трофејот, како што тоа многупати го правел во минатото, овојпат трофејот дојде кај него, директно во болничката соба.

Делегација на МЗТ предводена од директорот Филип Ѓорески, тренерот Васко Атанасов и капитенот Дамјан Стојановски, како и неколкумина другари на Божиновски, го изненадија верниот навивач во болничката соба.

Видно изненаден, Божиновски не можеше да ги скрие солзите од убавото изненадување кое му беше приредено, и тоа во моментите кога тој води здравствена битка од која сме убедени дека ќе излезе како голем победник.

Божиновски доби и златен медал од Купот во Куманово, специјално обезбеден за него како мотив да издржи во борбата што му претстои.

Пораката од МЗТ е кратка и јасна: „Мачор – МЗТ е со тебе! Сите сме едно плаво-бело семејство“.

- Оглас -

Најнови вести