35.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Секоја чест: одбојкарите ќе имаат поддршка во Атина, се вее македонското знаме!

На натпреварот против Грција во салата „Мелина Меркури Рентис“ во Атина, македонската машка одбојкарска репрезентација ќе има скромна, но многу значајна поддршка од трибините.

Во главниот град на Атина се родителите на капитенот Никола Ѓоргиев и неговиот брат Ѓорѓи, а освен Марија и Ацо Ѓорѓиеви, таму е присутен и Горан Кипријановски-Кипре, еден од најверните поддржувачи на македонските национални селекции во сите спортови.

За нив нема граници, љубовта кон татковината и кон спортот е огромна, и ја користат секоја прилика да навиваат за Македонија, како што покажаа, со веење на македонското знаме и во главниот град на нашиот јужен сосед.

- Оглас -

Најнови вести