15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Секоја чест за Коцкестите: На Мундијалите немало чудо како што тоа е Хрватска

Хрватското фудбалско чудо продолжува. Откако Коцкестите играа во финале на Светското првенство во Русија пред четири години, сега тимот на Златко Далиќ се избори за место во полуфиналето на Мундијалот во Катар.

Ако се гледаат осумте натпревари на кои на СП морало да се играат продолженија или да се шутираат пенали, Хрватска учествувала дури во шест од нив. Од тие шест средби, Хрватите на крајот се радуваа дури пет пати.

Неверојатната низа на Хрватска почна во Русија пред четири години кога во осминафиналето Хрватска ја елиминираше Данска на пенали со 3:2, откако во регуларниот дел беше 1:1. Потоа следуваше дуел против домаќинот Русија. По 90 минути беше 1:1, во дополнителните 30 минути двата тима дадоа уште по еден гол, па заврши 2:2 во 120 минути игра. На пенали Хрватска го елиминираше домаќинот Русија со 4:3.

Следуваше полуфинале против Англија, а во регуларниот дел резултатот беше 1:1, кога Манџукиќ со гол во 109 минута погоди за пласман во финалето на СП. Хрватска во финалето пред четири години не успеа да се избори за продолженија откако со 4:2 загубија од Франција.

Драмата во нокаут мечевите за Хрватска продолжува сега и во Катар. Во осминафиналето Хрватска одигра 1:1 против Јапонија, а на пенали победија со 3:0. Денеска и Бразил ја почувствува силата на Коцкестите, па иако Кариоките водеа со 1:0, Хрватска израмни во 118 минута, а на пенали беа подобри со 4:2.

- Оглас -

Најнови вести