14.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Секоја победа во ЛШ вреди 2,1 милион евра, а и ремито носи добра заработка

За секоја победа во Лигата на шампионите во лигашката фаза, УЕФА ги наградува клубовите со по 2,1 милион евра. Колку повеќе пари, толку повеќе милиони.

Ваква сума на пари ќе легне на сметките на Баерн, Интер, Галатасарај, Реал Мадрид, Аталанта, Челзи, Марсеј и Атлетико Мадрид, кои победија во синоќешните пресметки од елитното европско натпреварување.

За поразените нема ништо, а екипите на Бодо/Глимт и Тотенхем, кои одиграа нерешено во својот меѓусебен дуел, за ремито заработија по 700.000 евра, што исто така не е за потценување и на многу клубови добро ќе им дојде ваков прилив. Секој тим игра по осум натпревари и тоа се осум шанси за зголемување на клупскиот буџет.

- Оглас -

Најнови вести