Атлетико Мадрид со серија од 15 победи по ред во сите натпреварувања замина на гостувањето кај Легањес, но нивната серија заврши токму таму. Матија Настасиќ во 50-тата минута го постигна единствениот гол на мечот, што на крајот значеше и победа од 1-0 за Легањес.
Сепак, Атлетико можеше да се спаси од пораз, но Антоан Гризман во 90-тата минута не успеа да реализира пенал.
„Јорганџиите“ остануваат лидери на табелата во Ла Лига со 44 бода, еден повеќе од Реал Мадрид, но „кралевите“ веќе утре со победа над Лас Палмас ќе ги минат на врвот од табелата.