Селекториште: Со две различни земји ја освојуваше Африка, со С. Арабија ја матираше Аргентина на СП!

Со состав каков што има Саудиска Арабија, со играчи само од домашното првенство да ја победите Аргентина на Светско првенство и притоа со пресврт, спречувајќи ги противниците да дојдат до светски рекорд од 37 меча по ред без пораз, покажува каков мајстор е францускиот стручњак Ерве Ренар, кој е селектор на Саудијците.

Тој на полувреме им внесе самодоверба на своите момци, а тие одговорија на најдобар можен начин и го направија едно од најголемите изненадувања во историјата на светските првенства.

Ренар е прв тренер кој го освојувал Африканскиот куп на нации со две различни селекции, тоа му појде од рака со Замбија и Брегот на Слоновата кКска. На СП го однесе и го водеше и Мароко, а ова со победата над Аргентина му е круна.

- Оглас -

Најнови вести