Селекторот Андов одбра за дуелите со Молдавија: Андонова ги предводи нашите фудбалерки

Женската фудбалска репрезентација на Македонија на крајот од мај и почетокот на јуни ќе одигра два натпревари против селекцијата на Молдавија во квалификациите за Европското првенство. За овој репрезентативен собир, селекторот Александар Андов повика 22 фудбалерки, а од стандардните ќе недостасува Гентијана Рочи поради повреда.

Најзвучно име во нашата репрезентација е Наташа Андонова, а во составот се уште осум интернационалки. Останатите 13 фудбалерки се од домашното првенство. По три фудбалерки се од Љуботен, Ас јунајтед и Шкендија, и по две од Каменица Саса и Тиверија.

ГОЛМАНИ:

Берна Кабакчи   Карсон У, САД
Викторија Панчурова   Тиверија
Кристина Павловска   Шкендија

ОДБРАНА:

Ана Милчевска   Ланчк Ахути, Грузија
Елена Паневска   Каменица Саса
Павлинка Николовска   Љуботен
Христина Јошевска   Љуботен
Ихмете Лимани   Веинберг, Германија
Ане Бошевска   Тиверија
Кристина Мојсовска   Ас Јунајтед

СРЕДЕН РЕД:

Радица Велкова   Каменица Саса
Наташа Андонова   Леванте, Шпанија
Ленче Андреевска   Хорозкентспор, Турција
Маријана Нацева   Борусија Дортмунд, Германија
Симона Мајер   Маккаби, Израел
Александра Марковска   Љуботен
Хава Мустафа   Шкендија
Едина Мехмеди   Цирих

НАПАД:

Лора Сулејмани   ГПСО 92, Франција
Јилза Максути   Ас Јунајтед
Афродита Салихи   Шкендија
Веса Села   Ас Јунајтед

Првиот натпревар против Молдавија го играме на домашен терен во петок на терените на ФФМ во Скопје со почеток во 17 часот, додека реваншот е на четврти јуни од Кишињев.

- Оглас -

Најнови вести