Селекторот Ангеловски ќе се изнагледа фудбал – Ристовски и Спортинг играат продолженија во Истанбул (Видео)

На Стефан Ристовски и Спортинг им недостасуваа само неколку минути за да играат во осминафиналето на Лигата на Европа, но примија трет гол од Башакшехир во 92-рата минута и ќе играат продолженија во Истанбул.

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски е присутен на трибините на „Фатих Терим“ во Истанбул и ќе ужива во добар фудбал најмалку уште 30 минути, а ако нема победник и во продолженијата, ќе се шутираат пенали.

Првиот меч во Лисабон заврши со победа на Лавовите од 3:1, Башакшехир победи со истиот резултат вечерва, па со вкупен резултат од 4:4 ќе мора да се играат уште две полувремиња од по 15 минути.

Ристовски е единствениот наш фудбалер што игра во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Турците имаа предност од 2:0 со головите на Шкртел и на Алексиќ по првото полувреме и тој резултат ги водеше во осминафинале. Сепак, Лусијано Вието со гол во 68-мата минута намали на 1:2, но Вичша со погодок во 92-рата минута го одведе мечот во продолженија.

Во првата сеанса од реванш-мечевите, Базел го победи АПОЕЛ со 1:0 и со вкупен резултат од 4:0 се пласира во осминафиналето, каде што ќе играат и Рома по ремито 1:1 во Гент, потоа и Вулверхемптон, кој загуби со 3:2 од Еспањол, но победи дома со 4:0.

ЛАСК со победа од 2:0 го елиминира АЗ Алкмар со вкупен резултат од 3:1, Волфсбург го декалсира Малме со 3:0 вечерва и со вкупни 5:1 осстанува во игра за титулата, а во осоминафиналето е и Баер по победата во Порто со 3:1 против поранешниот двоен европски првак.

https://twitter.com/Sporting_CP/status/1233110259083988993?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести