Селекторот Ангеловски одлучи кои 11-мина ќе играат вечерва

Знам кои 11-мина ќе настапат во почетниот состав вечерва во Љубљана, но нема да кажам, рече селекторот на националниот тим на Македонија, Игор Ангеловски, на официјалната прес конференција пред дуелот против Словенија од квалификациите за Европското првенство.

„Откако одигравме одличен натпревар со Летонија, атмосферата е одлична. Подготвени и одморени влегуваме во дуелот со Словенија. Го знам тимот што ќе истрча од првата минута, но нормално нема да го кажам сега, тоа најпрво ќе им го соопштам на играчите. Влегуваме во овој меч со истиот пристап како во изминатите три години. Словенија има добар среден ред и напад, а и опасни контранапади. Ние ќе си ја играме нашата игра. Имаме позитивна атмосфера и очекувам тоа да го материјализираме на терен“, – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Стефан Ристовски смета дека и нерешен резултат е добар исход за „црвено-жолтите“.

„Ќе се потрудиме да се вратиме со еден бод или со сите три од ова гостување. Го познавам многу добро селекторот на Словенија, и сигурно дека тој сака да победи. Ние долго време сме заедно што значи дека можеме да се носиме со секого. Сакаме да докажеме дека оваа генерација има квалитет да игра на големо натпреварување како што е ЕП“, – најави Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести