Во пресрет на дуелот меѓу Македонија и Полска (20:45 часот) на Националната арена „Тоше Проески“, селекторот Игор Ангеловски преку својот „Инстаграм“ профил испрати моќна порака. Македонската селекција е како семејство, тоа е најголемата сила и ќе биде главно оружје со кое ќе се брка победа против фаворизираната Полска.
„Ова е нашата сила. Македонија е семејство“ стои во описот на фотографијата која ја сподели селекторот Ангеловски.