20.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Селекторот Атаман плачеше на дочекот, ѝ се извини на целата држава што не освоија злато (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Турција вторпат во својата историја стигна до сребрениот медал на Европско првенство. Во големото финале, кое се играше во неделата, Турција загуби од Германија, иако во најголем дел од натпреварот, кошаркарите на селекторот Ергин Атаман имаа водство.

И покрај поразот во финалето, кошаркарите беа дочекани како херои во Истанбул. Од аеродромот во Истанбул до центарот на градот кошаркарите беа поздравувани од илјадници навивачи.

„Сребрениот медал е голем успех и турскиот народ е горд на овие момци. Сепак, јас сум многу тажен. Историјата ги памети само шампионите, а ние го пропуштивме тоа за влакно. Им се извинувам на нашите граѓани кои веруваа во нас и возбудени го чекаа тој трофеј. Искрено верувам дека овие момци ќе ја вратат турската кошарка во самиот врв на Европа и во блиска иднина трофејот ќе дојде во нашата земја“, рече селекторот Атаман, кој не можеше да ги скрие емоциите и плачеше на дочекот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serkan MOROVA (@srknmorova)

И капитенот Чеди Осман, кој е роден во Охрид, им се обрати на навивачите.

„Во текот на овие 21 ден, постојано ја чувствувавме вашата поддршка. Сакавме да се вратиме со пехарот, но, за жал, не успеавме. Но, верувајте дека дадовме сѐ од себе. Се надевам дека барем малку ве направивме горди. Без вашата поддршка тешко ќе беше да стигнеме дотука“, рече Осман.

 

- Оглас -

Најнови вести