Селекторот е задоволен: Убава победа, a ракометарите покажаа пожртвуваност

Македонската ракометна репрезентација предмалку славеше над Кувајт со 31:21 во првиот подготвителен меч за ЕП.

Нашите ракометари, односно тие што се во моментов во Маврово, одиграа одличен натпревар, а задоволен е и предводникот Кире Лазаров.

„Среќен сум не затоа што славевме со 10 голови разлика, туку затоа што им укажав дека иако не сме комплетни, успеавме да одработиме одлично на теренот.

Ме радува тоа што игравме добро во првото полувреме, иако водевме само со еден гол-разлика, додека во второто полувреме го појачавме темпото. Важен ми е пристапот и тоа што го договаравме и мислам дека ова ќе биде поттик за тоа што е пред нас, да работиме уште подобро.

„Не може да ме понесе никаква еуфорија, како што кажав, ќе бидеме цврсто на земја, ако се сака, се може, тоа и го покажавме денеска. Не може да се спореди Кувајт со Словенија, Црна Гора и Данска бидејќи тоа се два различни света, но ме радува пристапот и ангажираноста.

Знаев дека ќе одиграме на високо ниво и тоа се покажа. Едно е клуб, а друго е национален тим, а младите мора да добиваат шанса, ова за нив е голем поттик“, изјави Лазаров.

Нашата селекција е во група со Словенија, Црна Гора и Данска, а на подготовките ќе биде комплетна за два дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести