Селекторот ги пишмани Аѕурите: Подобро да не играме

Селекторот на Италија, Роберто Манчини вели дека е подобро натпреварувањето во Серија А, но и во пониските рангови да не продолжат и сезоната да се прогласи за завршена.

Кормиларот на Аѕурите не предложи решенија за шампион и што би било со останатите екипи, но е скептик дека планот да продолжи сезоната е добар.

„Според мене подобро е Серија А да не се доигра. Ако фудбалерите со оптоварат со многу натпревари во летниот период, а тоа е неизбежно, тогаш може да дојде до повреди. Знам дека играчите сакаат да се вратат што поскоро на терен и да се доигра нормално сезоната и се надевам дека ако тоа се случи се ќе мине во најдобар ред“, изјави Манчини.

Неговиот страв веројатно е оправдан од аспект дека репрезентацијата на Италија идното лето ја чека настап на ЕП. Аѕурите по долг период одиграа одлични квалификации и без пораз се пласираа на континенталниот шампионат, но ако Серија А продолжи цело лето годинава, тогаш Манчини оправдано стравува од повреди на дел од репрезентативците.

Имено, поради густ распоред на натпревараи, фудбалерите веројатно ќе имаат малку време да се одморат меѓу оваа и идната сезона што може да претставува сериозен удар за амбициите на Италија да атакува и на европската круна следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести