Селекторот Грчевски избра 20 ракометарки за турнирот во Турција

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објави списокот на ракометарки повикани за меѓународен турнир во Турција.

Меѓународниот турнир ќе се одржи во Анкара, Турција, во период од 4 до 8 декември, а нашите ракометарки ќе одиграат натпревари против Словачка, Словенија и Турција.

Распоред и термини на одигрување на натпреварите:
05.12, Македонија – Турција – 16:00 часот
06.12, Македонија – Словенија – 14:00 часот
07.12, Македонија – Словачка – 12:00 часот

Првиот собир на ракометарките ќе се одржи на 28.11.2025 (петок) во хотелот „Ангро“ во Кавадарци, со почеток во 12 часот.

- Оглас -

Најнови вести