14.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Селекторот Илиевски го објави списокот

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на првиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот собир е закажан за 24. ноември (понеделник), со почеток во 10:30 часот во салата на СРЦ „Кале“.

Кошаркарите ќе одиграат два натпревари во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“, и тоа против соодветните национални селекции на Азербејџан и на Ирска.

На списокот го нема Ненад Димитријевиќ, кој штотуку се врати на терените после повредата. Илиевски ги стави сите тројца Американци со македонски пасош, но може да одбере само еден кој ќе биде вклучен за следните натпревари.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

27.ноември – 2025: Македонија – Азербејџан

30.ноември – 2025: Ирска – Македонија

 

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – Работнички

Бобан Стајиќ – Пелистер

Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер

Виктор Ташовски – ТФТ Скопје

Страхил Николов – ТФТ Скопје

Теодор Симиќ – Кожув

Адем Мекиќ – Бора – Косово

Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово

Лејсон Зеќири – Башкими – Косово

Андреј Јакимовски – Тренто – Италија

Џејкоб Вајли – Ритас – Литванија

Омари Мур – Валенсија – Шпанија

Нејт Сестина – Олимпиjа Милано – Италија

СЕЛЕКТОР: Марјан Илиевски

- Оглас -

Најнови вести