0.8 C
Skopje
понеделник, 1 декември 2025

Селекторот Илиевски оптимист: „Се случува нешто позитивно, на добар пат сме“

После двете победи на натпреварите со Азербејџан дома и Република Ирска на гости,  селекторот Марјан Илиевски направи една мини-ретроспектива на она што беше реализирано во текот на изминатата седмица во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.

Скор од 2-0 по првите две кола има и Луксембург, нашиот следен ривал, кој доаѓа во Скопје на 27-ми февруари 2026 година.

„Сакам да им честитам на играчите, бидејќи од една негатива и од лош почеток се вративме во втората четвртина, дури и завршивме со два поени предност за нас. Веќе од третата четвртина покажавме еден поинаков карактер. Игравме кош за кош, ја сфативме агресивноста на Ирците и одбраната која беше на граница на прекршок, и одговоривме на најдобар можен начин. Имавме проблем со офанзивниот скок на Ирска во текот на целиот меч. Бевме натскокани, тие 20 поени што беа од втора шанса направија ривалот да биде во предност. Ова е голема гостинска победа. Среќен сум и горд на играчите, од прв до последен. Од оној што имаше најголема минутажа, до хемијата, но и до оние кои не влегоа да игра и беа со тимот. Сите си беа поддршка еден на друг“, изјави Илиевски.

Македонија е на добар пат да продолжи во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029, работата ќе треба да се доврши следната година.

„За нас најважно е здравствениот биланс да биде како што треба кога повторно ќе се собереме. Ние во овие денови се соочувавме со проблеми, неколку играчи имаа повреда, но пак го дадоа максимумот за Македонија. Се создава нешто што е позитивно. Да бидеш во колектив, каде никој не се штеди, е прв показател дека се случува нешто позитивно и дека сме на добар пат“, додава селекторот.

- Оглас -

Најнови вести