Селекторот кој ги предводи младите фудбалери во обидот за историски пласман на ЕП состави хуманитарен тикет (Фото)

Како играч и тренер освојуваше трофеи со своите екипи, а настапуваше и за репрезентацијата на Македонија. Тони Јакимоски сега со успех ги предводи младите репрезентативци до 19 години од клупата, кои следната недела ги започнуваат Елитните квалификации за настап на Европското првенство.

Квалификацискиот турнир се игра во Скопје, а Македонија е во група со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.

„Репрезентацијата ќе се собере во недела и тогаш ќе ја имаме првата прозивка и ќе означиме старт на подготовките за настапот на овој турнир во Скопје. Ќе тренираме напорно, а ќе имаме по два тренинзи и помеѓу секој натпревар. Самиот пласман во Елитните квалификации е голем успех. Ние веќе сме на Европско првенство, а на овој турнир ќе играме за влез помеѓу најдобрите осум репрезентации во Европа“, вели Јакимоски.

Македонија доби одлична група во Елитните квалификации, со израмнети репрезентации и без некој фаворит кој отскокнува од останатите.

„На Европското првенство кое во јуни ќе се одржи во Северна Ирска пласман ќе обезбеди само првиот од овој турнир кој се игра кај нас. Се надевам дека ќе ги повториме добрите игри и резултатите од првиот турнир кој се одржа во Полска и дека можеме да бидеме први во групата. Репрезентацијата на Швајцарија можеби е фаворит на овој турнир, но не треба да ги потцениме ниту Украина и Летонија. Со сите ќе го дадеме максимумот“, додава селекторот на репрезентацијата до 19 години.

Елитниот квалификацискиот турнир започнува во среда, а прв противник на Македонија е соодветната селекција на Украина. Нашата репрезентација сите натпревари ќе ги одигра на теренот на тренинг-центарот на ФФМ, додека останатите натпревари ќе се играат на стадионот во Ѓорче Петров.

„Репрезентацијата ќе биде комплетна за овој турнир. Се враќаат и тројца играчи кои ни беа повредени, Елмаз, Назифи и Марковски, а на прозивката ќе се појават сите кои се повикани. Првиот противник ни е селекцијата на Украина. Веќе ги анализиравме Украинците и ќе работиме на тактиката за овој натпревар. Останатите противници ќе ги анализираме по нивниот меѓусебен натпревар во првото коло на турнирот во Скопје“, рече Тони Јакимоски.

Македонската репрезентација за играчи до 19 години никогаш не се пласирала на завршниот турнир на најдобрите репрезентации во Европа, па овој турнир ќе биде одлична можност, пред сè поради добрите игри од првите квалификации, но и фактот дека токму Македонија е домаќин на овие Елитни квалификации.

Во продолжение може да го погледнете Хуманитарниот тикет кој го состави селекторот на оваа надежна репрезентација, Тони Јакимоски.

- Оглас -

Најнови вести