Селекторот кој го „понижи“ Роналдо на Мундијалот сега ќе биде на клупата каде капитен е друга голема ѕвезда

Португалскиот стратег Фернандо Сантош и официјално е промовиран во нов селектор на Полска. Сантош е тренерот кој беше на клупата на португалската репрезентација на Светското првенство во Катар и човекот кој реши да го направи еден од најизненадувачките потези.

Сантош реши да го остави Роналдо на клупата за резерви на клучните мечеви од нокаут-фазата, а Португалија изненадувачки беше елиминирана во четвртфиналето од Мароко. По овој неуспех, јасно беше дека неговата селекторска кариера во португалскиот национален тим тука ќе заврши.

Полска, која исто така стигна до нокаут-фазата на Мундијалот во Катар, остана без селектор пред два месеца, а Сантош ќе биде третиот стрелец на клупата на оваа репрезентација. Пред него селектори странци беа Лео Бенхакер и Пауло Соуса.

Предводник на теренот на полскиот национален тим е Роберт Левандовски, кој ја има истата моќ што Роналдо ја имаше во Португалија. Левандовски има 34 години и се очекува уште две-три години да биде предводник со капитенската лента на теренот.

🆕 OFICJALNIE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести