Фернандо Сантош, селекторот кој со Португалија го освои Европското првенство во 2016 година, е нов селектор на Азербејџан. Како што соопштуваат од Фудбалскиот сојуз на Азербејџан, 69-годишниот тренер треба да создаде конкурентна селекција која во 2028 би се пласирала на Европското првенство.
Португалецот од 2014 до 2022 беше селектор на својата татковина, а во тренерската кариера ги има водено и трите најголеми португалски клуба, Порто, Бенфика и Спортинг Лисабон. Сантош беше селектор и на Грција и на Полска, а последниот ангажман го имаше како тренер на Бешикташ.