Селекторот Лазаров со многу нови имиња во репрезентативниот список

Селекторот на машката ракометна сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35-мина играчи на кои смета за последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство. Скратениот список се очекува деновиве.

Македонија обезбеди место на ЕП, а на 28 април играме против Финска, додека на 2 мај во Скопје гостува Швајцарија. Селекторот реши да ја прошири базата на репрезентативци со седум имиња кои играат во домашни клубови и се сосема нови во националниот тим и за првпат добиваат повик за сениорскиот тим.

Целиот список може да го погледнете тука.

- Оглас -

Најнови вести