Марјан Илиевски, селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, ќе направи две измени во играчкиот ростер, односно во протоколот на ФИБА за средбата во среда навечер од 18 часот во „Орадеа Арената“ ќе пријави двајца нови кошаркари.
Адем Мекиќ, едeн од најискусните во нашата репрезентација, проба, но не го издржа оној „главен тренинг“ пред вториот меч со Романија во рамките од претквалификациите за Светскиот Куп во 2027 година.
На неговото место, Илиевски одлучи во „финалните 12“, да го постави Марко Миловановиќ.
Предводникот на Црвено-жолтите за овој меч, трет во претквалификациската група, се одлучи за уште една промена во ростерот. И на местото на Тома Стојаноски, во конкуренција влегува Никола Василевски, кој за првпат во својата кариера, ќе ги чека првите минути во сениорскиот тим на Македонија.